Екипата на Њујорк Ренџерс синоќа го доживеа третиот пораз во низа, откако загуби со убедливи 4-0 од Бостон Бруинс.
Имено, Бостон постигна по два погодоци во првата и во втората третина, а стрелци беа четири различни хокеари: Давид Пастрнак, Патрис Бержерон, Давид Крејчи и Џејк ДеБраск.
Освен нив, одличен беше и голманот Јарослав Халак, кој дојде до вториот овосезонски шут-аут со 27/27 одбранети шутеви.
На табелата на Источната дивизија, Бостон остана на четвртото место, додека Ренџерс ја заземаат шестата позиција.
📸 Maddie Meyer/Getty Images