Во рамките на синоќешната НБА програма, Милвоки Бакс убедливо славеа над Њујорк Никс со резултат од 134-101.
Домаќините од Висконсин за првпат поведоа во средината на првата четвртина и го зголемуваа своето водство сè до крајот.
Најефикасен кошаркар од сите беше Јанис Антетокумбо (Милвоки), кој постигна трипл-дабл учинок составен од 24 поени, од 10 скокови и од 10 асистенции.
Од противничките редови, најмногу се истакна Ар Џеј Берет со 22 кошеви.
Со денешниот триумф, Бакс (23-14) останаа на третото место на Истокот, додека Никс (19-19) ја заземаат седмата позиција.
📸 Gary Dineen/NBAE via Getty Images



