среда, септември 27, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Бора Бора рај на земјата “Создаден од боговите”

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јули 14, 2023
📁 ДЕСТИНАЦИИИ, ПАТУВАЊА

Бора Бора се издигнал од морето како голем вулкан пред 3 милиони години и околу него израснал корален прстен. Минијатурните корални полипи живеат во камените оклопи кои ги излачуваат користејќи го калциумот кој го извлекуваат од плитките тропски мориња. Камените оклопи на една колонија полипи полека растат и така се создал гребенот. Како што се ладела океанската кора, така вулканот почнал да тоне, а коралот и понатаму продолжил да расте, така што островот и лагуната останале внатре во прстенот од коралниот гребен. Со текот на времето се претпоставува дека островот ќе се исчезне и ќе остане само атол, односно лагуна опкружена со корален гребен.

Бора Бора  е група острови со површина од 30.55 км2 во Заветрени острови во западниот дел на Друштвени Острови во Француска Полинезија, прекуморска заедница на Франција во Тихи Океан. Главниот остров, кој се наоѓа 230 км северозападно од Папете, е опкружен со лагуна и со корален гребен. Највисоката точка се издига на 727 метри надморска височина.

Постои само еден пловен премин низ кој може да се помине меѓу прстенот од корални острови, кои месното население го нарекле мотус. Поради тоа, лагуната е природно престаниште. Освен главниот централен остров Бора Бора, двапати поголем од Гибралтар (12 км2), постојат и два помали – Тупуа и Тупуаити. Сите овие острови се остатоци од вулкански кратер кој еродирал. Два остри нерамни врва доминираат над Бора Бора, во централниот дел: Пахија, висок 660 метри и малку повисокиот Отеману со совоите 727 метри.

Бора Бора е главно меѓународно туристичко одредиште, позната по луксузното одморалиште. Главното населено место, Ваитапе, е на западната страна од главниот остров Бора Бора, наспроти главниот канал во лагуната. Производството на островот најчесто е ограничено на она што може да се добие од морето и од кокосовите палми.

ShareTweet
Претходна вест

Лина со нова победа на турнирот во Рим

Следна вест

Амар Хот: Македонија има големи шанси за највисок пласман

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Кој рече дека летото заврши? Еве каде сеуште не е!
ДЕСТИНАЦИИИ

Кој рече дека летото заврши? Еве каде сеуште не е!

✏️ Марјан
26/Сеп/2023
(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос
ДЕСТИНАЦИИИ

(Видео) Познатите платинести плажи во Барбадос

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Сеп/2023
(Видео) Малдиви- романтичен одмор од соништата
ПАТУВАЊА

(Видео) Малдиви- романтичен одмор од соништата

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Сеп/2023
(Видео) КОРЗИКА – француски остров со италијански шмек
ПАТУВАЊА

(Видео) КОРЗИКА – француски остров со италијански шмек

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Авг/2023
Следна вест
Амар Хот: Македонија има големи шанси за највисок пласман

Амар Хот: Македонија има големи шанси за највисок пласман

Последно

ЦСКА и нашата Сара редат победи

Дувњак: Во Битола не очекува “пеколна” атмосфера

Борзаш: Кил се светска екипа, но ќе се бориме до крајот

Кузманоски: Сите знаеме кој е Кил! Ние ќе дадеме максимум

Мартин Јовановски го освои Суперкупот на Кипар

Николов и Начевски ќе судат на ЕП 2024

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.