Актуелните ирски шампиони, Шамрок Роверс, го запишаа првиот лигашки пораз после девет натпревари.
Имено, Роверс, во 29. коло, загубија од најголемите ривали, Бохемианс, со 1-0 во 106. градско дерби на Даблин.
,,Зелено-белите” беа подобар тим во првото полувреме, но ситуацијата на теренот се смени во 70. минута, кога во краток интервал, Дилан Вотс доби два жолти картони.
Само две минути подоцна, со шестиот овосезонски погодок, Лиам Барт (72′) им донесе водство на номиналните домаќини, а воедно и прв меѓусебен триумф во 2022.
На табелата, Шамрок Роверс останаа на првото место, а Бохемианс скокнаа на шестата позиција.