Во првиот меч од синоќешната НБА програма, Атланта Хокс славеа над Шарлот Хорнетс со 101-105.
Од стартот, па сè до завршницата на третата четвртина, Атланта имаше резултатска позитива, но во финишот, Хорнетс успеаја да предизвикаат неизвесност.
Најефикасен кошаркар на паркетот беше српскиот интернационалец, Богдан Богдановиќ (Атланта), кој уфрли 32 поени.
Од неговите соиграчи, Клинт Капела запиша дабл-дабл од 20 поени и од 15 скокови.
Кај Хорнетс, најпрецизен беше Мајлс Бриџес со 23 кошеви, а втор поентер беше Тери Розиер 18 поени.
На табелата, непосредно по натпреварот, Атланта (29-25) се наоѓаше на четвртото, а Шарлот (27-25) на шестото место.
📸 Jacob Kupferman/Getty Images