,,Мајсторката” помеѓу Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер донесе многу неизвесности и возбудувања. Влогот беше голем – пласман во конференциското полуфинале – што го правеше мечот дополнително повозбудлив.
Накрај, во драматичен финиш, до победата дојде Хјустон со резултат од 104-102. Победничкиот момент го долови Џејмс Харден, кој, во последните секунди, успеа да го блокира шутот за три поени на Лу Дорт.
Сепак, најефикасен играч на мечот беше токму Дорт со триесет поени. Кога станува збор за ,,мајсторки”, оваа бројка е највисока од еден Канаѓанец во историјата на НБА. Претходниот рекорд го држеше Стив Неш со дваесет и девет поени, постигнати во 2006, играјќи за Феникс Санс против ЛА Клиперс.
За Оклахома, исто така се истакна и Крис Пол со трипл-дабл учинок составен од деветнаесет поени, единаесет скокови и дванаесет асистенции.
Кај Хјустон, најефикасен беше Роберт Ковингтон, кој забележа дваесет и еден поен.
Во конференциското полуфинале, Хјустон ќе ги одмери силите со ЛА Лејкерс.