Прекрасната македонска нумера “Дејгиди луди млади години” беше преработена од познатиот македонски музичар и пејач Благој Маротов. Песната ќе биде дел од албумот “Класика М”, снимена во студио БиМ. Гости на проектот на Блаж Маротов се познати имиња: Милан Завков, Илија Филиповски , Александар Тренкоски, Трајче Ристов, Војче Петрушев, Бојан Маротов, а придружни вокали сe Лена Заткоска-Маротова и Јуле Маротова. Продукцијата на видео записот е на “Валови”.



