
Во последниот натпревар од четиринаесеттото коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го порази Арсенал со 3-2.
,,Топџиите” поведоа со 0-1 на бизарен начин во 13. минута, кога Емил Смит Роу ја затресе мрежата на Давид де Хеа, додека Шпанецот се жалеше на повреда.
До крајот на првото полувреме, Бруно Фернандеш стрелаше прецизно во корист на Јунајтед и ги израмни бројките на семафорот на 1-1 на својот јубилеен 100. меч во црвениот дрес.
Во вториот дел, Кристијано Роналдо (52′) го комплетираше пресвртот на домаќините со 800. погодок во сениорската кариера.
Сепак, две минути подоцна, Мартин Одегард (54′) го заби вториот овосезонски гол и израмни на 2-2.
Истиот играч, од херој, излезе како трагичар поради фактот дека направи пенал, кој беше успешно конвертиран од Роналдо (70′) за конечен триумф на Јунајтед.
На табелата, клубот од Манчестер го држи седмото место, додека Арсенал ја зазема петтата позиција.