Марсело Биелса е менаџерот кој што славниот англиски тим Лидс Јунајтед по пауза од 16 години го врати во Премиер лига и ќе играат повторно елитен фудбал. По победата на Лидс и по поразот на ВБА од Хадерсфилд славниот тим се враќа во највисок ранг.
Навивачите го пречекаа со овации и воодушевување, додека раководството на клубот му го продолжи договорот до 2022 година и му ја зголеми платата за 2 милиони фунти, па од досегашните 6 милиони сега аргентинецот ќе зема 8 милиони фунти.