
Во првиот меч од овогодинешниот плејоф, Синсинати Бенгалс ги совладаа Лас Вегас Рејдерс со 26-19.
На овој начин, Бенгалс ја прекинаа најдолгата негативна низа во НФЛ со триесет и една година без плејоф победа.
Последниот триумф во доигрувањето на тимот од Охајо датираше уште од сезоната 1990/91, после кој следуваа осум врзани порази уште во првата рунда од плејофот.
Во моментот, најдолгата активна низа ја имаат Детроит Лионс (од 1991/92), Мајами Долфинс (од 2000/01) и токму Лас Вегас Рејдерс (од 2002/03).
Последен пат кога Синсинати имал победа во јануари, само четири играчи од актуелниот состав биле родени.
Во овосезонскиот дуел, домаќините имаа предност од десет поени на пет минути пред крајот, но успеаја да приредат инфарктна завршница, која се заврши со пресечениот пас на Џермен Прет.
За победничкиот состав, шутерот Иван МакФерсон донесе четиринаесет поени, а по еден тачдаун постигнаа Си Џеј Узома и Тајлер Бојд.
Квотербекот Џоу Бароу, со 24/34 комплетирања, освои 244 јарди од кои, дури 116 отидоа на контото на Џа’Мар Чејс.
На спротивната страна, Дерек Кар уфрли 310 јарди од 29/54 прецизни додавања, а поентери беа шутерот Даниел Карлсон и Зеј Џонс.
*Во соработка со НФЛ Македонија*




