
Денес беше комплетирано единаесеттото коло од турската одбојкарска Ефелер лига со натпреварот помеѓу Девели и Беледије Плевне.
Гостите, иако важеа за потполни аутсајдери, дојдоа до триумф од 2-3 и ги освоија првите бодови во сезоната.
Сепак и покрај триумфот, Беледије остана на последното место на табелата, додека Девели ја зазема единаесеттата позиција.
Натпреварот траеше цели 135 минути, а по сетови, резултатот гласеше: 18-25, 25-18, 21-25, 25-20 и 12-15.
Домаќините ја базираа својата игра во нападот пред сè на Екен Јусуф, кој го заврши мечот со 21 поен.
На спротивната страна, двоцифрен поентерски учинок имаа Ахмед Џан Бујукѓоз со 15 и Мехмет Рифат Кантарџиоглу со 26 поентирања.