Првиот денешен меч од 33. коло на англискиот Чемпионшип го го одиграа минатогодишните премиерлигаши – Барнмут и Вотфорд.
Двете екипи пружија тврд натпревар со по неколку солидни шанси и на двете страни.
Сепак, единствениот голгетер што му ја донесе победата на Барнмут од 1-0 беше Арно Данјума (63′), кој го постигна својот седми овосезонски погодок по брзоизведениот слободен удар.
Во самиот финиш на оваа пресметка, изби физички дуел помеѓу играчите и на двата тимови, после кои, со црвен картон заминаа Џек Вилшер (Барнмут) и Жоао Педро (Вотфорд).
За Вотфорд, ова е прв пораз после четирите врзани победи, доволен за третото место на табелата, додека Барнмут е петти, но со натпревар повеќе во однос на најблиските конкуренти.
📸 Twitter: AFC Bournemouth



