Барис Нур-Султан се врати од репрезентативната пауза со триумф од 0-2 на гостувањето кај Автомобилист Екатеринбург.
Домаќините упатија вкупно 32 удари кон голот на Јони Ортио, но Финецот беше стопроцентен во својата задача за четвртиот овосезонски шут-аут.
Од казахстанскиот состав, стрелци на головите беа Роман Старченко во втората и Линден Веј во третата третина.
Во Источната конференција, со новиот триумф, Барис го претекна Автомобилист со тоа што ја презеде седмата, а ја допушти осмата позиција.