За првпат после 17 февруари 2018, Бафало Сабрес загубија на домашен терен од ЛА Кингс, откако синоќа беа надиграни со 0-3.
Кингс беа подобар тим на ледената плоча во текот на цел натпревар и имаа драстично подобра игра во нападот.
За победничкиот состав, на три минути пред крајот на втората третина, Андреас Атанасиу погоди за почетно водство.
Резултатскиот дефицит ги примори домаќините да играат со вишок играч во поле што резултираше со два примени погодоци.
Во листата на стрелците по вторпат се запиша Атанасиу, а третиот гол беше дело на Дастин Браун.
Голманот на Кингс, Калвин Петерсен, го запиша вториот шут-аут во сезоната, откако ги одбрани сите деветнаесет противнички шутеви.
Во Источната конференција, Бафало ја зазема четиринаесеттата позиција, додека ЛА Кингс се четврти на Западот.