
Во првиот меч одигран на Денот на благодарноста во САД, Бафало Билс славеа над Детроит Лионс со 25-28.
После изедначен натпревар, гостите дојдоа до осмиот овосезонски триумф во дванаесеттото коло во неверојатна завршница.
На половина минута пред крајот, Детроит навидум избори продолжение со филд-голот на Мајкл Беџли, но во последната секунда, Билс возвратија со иста нера преку Тајлер Бас.
За Детроит, квотербекот Џеред Гоф имаше 240 јарди од 23/37 прецизни додавања и два тачдауни кон Амон-Ра Ст. Браун и кон Ди Џеј Чарл, а уште еднаш со трчање поентираше и Џамал Вилијамс.
На спротивната страна, Џош Ален освои 253 јарди од 24/42 обиди, истрча еден и уфрли два тачдауни кон Ајзеа МекКензи и кон Стефон Дигс, a сејфти направи Ед Оливер.
Во Американската конференција, Бафало (8-3) го држи второто место, а Детроит (4-7) е единаесетти во НФК.