Македонскиот напаѓач, Дориан Бабунски со два гола му донесе победа на Ботев Враца над Левски Софија од 2-0 и одлично ја почна новата сезона во бугарското првенство.
Бабунски најпрвин биеше прецизно со глава во петтата минута, а потоа во второто полувреме успешно реализираше и пенал со што го постави конечниот резултат во новата сезона.