
Откако беше шампион на Чемпионшип во 2020/21, тимот на Хартс избори експресно враќање во шкотскиот Премиершип.
Првиот прволигашки меч на ,,Срцињата” после 11 март 2020 беше одигран на нивниот ,,Тајнкесл Стадиум”, каде што гостуваше Селтик.
Накрај, Хартс ја отворија сезоната со победа од 2-1 над фаворизираните гости, кои очигледно не се во најдобра состојба и покрај ангажирањето на тренерот Ангелос Постекоглу.
Домаќините поведоа уште на стартот, кога Гери Мекеј-Стивен (8′) ја затресе мрежата на Скот Бејн.
Во почетокот на вториот период, Селтик израмни преку Ентони Ралстон (54′), кој ја искористи асистенцијата на Одсон Едуард.
Кога се чинеше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите, на сцена настапи Џон Сутар (89′), кој со глава им донесе водство и победа на Хартс.
За Сутар, ова беше само втор лигашки погодок во сениорските партии за Хартс, каде што настапува уште од 2015.
Во судиското продолжение, херој на домаќините беше голманот Крег Гордон, кој во два наврати интервенираше неверојатно и спречи реми.