
Откако славеше со 2-4 во вториот натпревар од новата КХЛ сезона, Салават Јулаев Уфа повторно го порази Автомобилист Екатеринбург, но овој пат со резултат од 3-2.
Заклучно со средишниот период од втората третина, домаќините веќе имаа убедливо водство од 2-0, стекнато со вториот погодок на Шакир Мухамадулин, односно со седмиот на Николај Кулемин.
Во петнаесеттата минута од вториот дел, Станислав Бочаров, со првиот гол во 2021/22, намали на 2-1, но три и пол минути подоцна, Сакари Манинен го постигна третиот денешен пауер-плеј погодок за Уфа за водство од 3-1.
Третата третина беше проследена со иницијатива на гостите, кои преку Шејн Принс успеаја само да го намалат својот заостаток.
Непосредно по натпреварот, Салават го заземаше второто место на Истокот, додека Автомобилист ја држеше петтата позиција.



