Вардар во Скопје со одлична игра го совлада европскиот вицепрвак Алборг со 30:28.
Најдобар поединец во Вардар беше голманот Борко Ристовски кој влезе во игра во 12.минута и со фантастични 16 одбрани донесе голема победа. Во нападот на Вардар блескаа Оливие Њокас со 7 гола, пред Тимур Дибиров со 6 гола, и Жереми Тото кој имаше 5. Кај Алборг најдобар беше Бјорнсен кој даде 6 погодоци.