
Хокеарите на Автомобилист Екатеринбург денес запишаа нова клупска историја, откако ја остварија најубедливата победа.
Популарните Авто, на домашен терен, ги надиграа кинеските претставници, Кунлун Ред Старс, со рекордни 8-0.
Од домашниот состав, вкупно единаесет хокеари запишаа поени, а погодоци постигнаа Брукс Мајсек (х2), Стефан Да Коста, Грегориј Белоусов, Даниил Романцев, Патрис Кормие, Јаков Рилов и Сергеј Шумаков.
Гостите упатија вкупно дваесет шутеви кон голот на нивниот поранешен голман, Дмитри Шикин, но Русинот беше стопроцентен и го запиша првиот шут-аут во дресот на Автомобилист.
Во Источната конференција, Автомобилист го зазема петтото место, додека Кунлун остана на самото дно.



