За првпат после 31 октомври 2018, Автомобилист Екатеринбург успеа да го совлада составот на Јокерит, откако денес запиша ,,шут-аут” победа од 2-0.
Домаќините покажаа подобри перформанси од финскиот претставник и ги постигнаа головите во првата и во третата третина.
Стрелци за Авто беа Грегориј Белоусов и Питер Холанд.
Одличен беше и голманот Владислав Грос, кој го одигра својот петти меч во КХЛ и ги одбрани сите 26 противнички удари кон својот гол за првиот ,,шут-аут” во кариерата.
Во овој момент, после денешната средба, двете екипи се релативно изедначени, така што Автомобилист е петти на Истокот, а Јокерит шести на Западот.
📸 Helsingin Jokerit



