Марко Мартинага е најново засилување за Академија Пандев. Младиот 22-годишен хрватски интернационалец е нов член на Академија Пандев и ја продолжува соработката со тренерот Васоски и во новиот клуб.
Мартинага игра на позицијата лев бек и досега во кариерата има настапувано за екипите на Вардар, Славен Белупо, Вараждин, Декани, Копривница. Популарниот ,,Тетовче” носи засилувања што се за него добро познати имиња.
Фото: ФК Академија Пандев



