
Во пресрет на Светското првенство во Т20 крикет, кое ќе започне за две недели, Австралија и Западните Инди одиграа меѓусебна мини-серија од два дуели.
И на двете средби, како победник излезе Австралија, која денес славеше со 178/7 (20) – 147/8 (20).
Во првиот ининг, разликата за најмалиот континент ја направија Тим Дејвид со 42 и Давид Варнер со 75 поени, а кај гостите, три викети имаше Алзари Џозеф (3-21).
Кај претставниците на Карибите, ниедно партнерство не донесе повеќе од 50 трчања, а по 23, 25 и 29 поени освоија Брендон Кинг, Акил Хосеин и Џонсон Чарлс.
Од фрлачите на Австралија, најдобар фрлачки учинок имаше Митчел Старк (4-20).




