
Во периодот од 6 до 29 мај беше одржано 105. издание на првата од трите велосипедски најпрестижни трки во сезоната – Џиро д’Италија.
Првите три етапи беа извозени во Унгарија, а од четвртиот натпреварувачки ден, велисипедистите се преселија во Италија, каде што од Сицилија возеа кон Верона.
Победник на трката за 2022 беше возачот на ,,Бора-Хансгрое”, Џаи Хиндли, кој го оствари најголемиот успех во својата кариера.
Австралиецот го зададе клучниот удар на претпоследната етапа, кога доби 1:25 минути во однос на тогашниот лидер – Ричард Карапаз.
Последната етапа беше хронометар, на кој, Карапаз (+1:18) успеа да намали само седум секунди и мораше да се задоволи со вицешампионскиот наслов.
Во генералниот пласман, во првите петмина се најдоа уште Микел Ланда (+3:24), Винченцо Нибали (+9:02) и Пељо Билбао (+9:14).
Освен Хиндли, на овогодинешната трка, етапна победа запишаа: Матје ван дер Поел, Сајмон Јејтс (х2), Марк Кевендиш, Ленард Кемна, Арно Демар (х3), Коен Боуман (х2), Томас Де Гендт, Бинијам Гирмај, Алберто Даинезе, Стефано Олдани, Џулио Чиконе, Јан Хирт, Сантијаго Буитраго, Дрис Де Бондт, Алесандро Кови и Матео Собреро.
Во поредокот за најмногу освоени поени славеше Арно Демар, додека Коен Боуман и Хуан Педро Лопез беа најдобар планински, односно најдобар млад возач.