
Со победата од 1-0 над Хадерсфилд во најскапиот натпревар на годината, Нотингем Форест избори враќање во Премиер лигата после 1999/00.
Во првото полувреме, Нотингем имаше целосна контрола на поседот, која беше крунисана со гол на две минути пред паузата.
Имено, по одличниот центаршут на Џејмс Гарнер, топката го погоди Леви Колвил, кој несреќно ја затресе својата мрежа.
Во 72. минута, судијата Џонатан Мос му даде жолт картон на дефанзивецот на Хадерсфилд, Хари Тофоло, за симулација, иако Англичанецот имаше очигледна причина за пад по поставената нога на Џек Колбек (Нотингем).
Сепак и покрај гледањето на ВАР од Пол Тирни, ,,Териерите” не добија пенал, кој ќе беше нивна единствена прилика за совладување на голманите Брис Самба и Итан Хорват.
На патот до финалето, Нотингем беше подобар од Шефилд Јунајтед, додека Хадерсфилд го порази Лутон.
Во Премиер лигата, наредната сезона, заедно со Нотингем ќе играат Фулам и Барнмут, заземајќи ги местата на Барнли, на Норвич и на Вотфорд.