Во битката за врвот на Источната конференција, по вторпат сезонава, силите ги одмерија Авангард Омск и АК Барс Казањ.
Првиот меч го доби екипата од Казањ со 2-1 после пенали за денес да биде поразена со убедливи 3-0.
Имено, Авангард, со овој триумф, дојде на четири бодови и два натпревари помалку од денешниот ривал, воедно прекинувајќи му ја серијата од четири врзани триумфи.
Екипата на АК Барс беше лимитирана на нула за првпат после 16 октомври во поразот од 0-1 од Барис Нур-Султан.
Головите за Авангард на денешната средба ги постигнаа Оливер Каски и Корбан Најт (х2) во првата и во третата третина.
Инфериорноста на АК Барс на овој меч може да се забележи и со двојниот помал број на упатени удари кон противничкиот гол, иако беа во резултатски заостаток уште од единаесеттата минута.
Уште еден интересен детал од средбата беше и физичкиот дуел во тринаесеттата минута помеѓу Андреи Стас (Авангард) и Дмитри Воронков.