Четвртиот дуел од финалната серија на КХЛ помеѓу Авангард Омск и ЦСКА Москва донесе огромна возбуда.
Имено, хокеарите на Авангард славеа со 4-3 после продолжение и успеаја да израмнат на вкупни 2-2.
Во првата третина, Рид Бушер промаши пенал за Омск, а Антон Слепишев и Максим Мамин погодија за 0-2 во корист на ЦСКА.
Во продолжение, Авангард направи целосен пресврт со головите на Корбан Најт во вториот, односно на Клим Костин и на Дамир Шарипзјанов во третиот период.
Мет Робинсон израмни на 3-3 за ЦСКА во последната секунда од регуларниот дел од натпреварот и на тој начин го избори продолжение.
Во дополнителниот период, после неполни шест минути, Павел Дедунов стрелаше за Авангард во момент кога неговиот тим имаше играч помалку на ледената плоча.
📸 hawk.ru (Gallery)



