Екипата на ЖРК Спартак од Кисела Вода во 19. коло од Женската лига славеше против ЖРК Гевгелија со 29:26 (полувреме 10-9). Во тимот на Спартак најефикасни беа Ангела Гроздановска со 9 гола, и Јана Ѓошевска и Ана Марија Коларовска кои дадоа по 6 гола. Одлично издание денес имаше вториот голман на Спартак , Ивана Станчева која блескаше со 15 одбрани. За екипата на Гевгелија како по обичај најефикасна беше Драгица Митрова со 10 погодоци.