
Металург Магнитогорск ја загуби првата позиција на Истокот со серијата од три порази.
Денес, во обид да се врати на врвот, загуби по четврт пат во низа и остана на второто место.
,,Лисиците”, во дербито на денот, беа совладани од Авангард Омск со 2-3, кој изби на шестата позиција.
После две третини, ,,Јастребите” имаа водство од 0-2, но домаќините израмнија на стартот на третиот дел во интервал од само триесет секунди.
Сепак, до крајот, гостите уште еднаш го сместија пакот во мрежата на Едвард Пасквале за нови два бода.
За Авангард, двоен стрелец беше Рид Бушер, заедно со Семјон Чистјаков, додека за Металург стрелаа Никита Короштелев и Максим Карпов.