Вториот натпреварувачки ден од новата МЛБ сезона започна со источниот дуел помеѓу Бостон Ред Сокс и Балтимор Ориолс.
Истиот заврши со резултат од 0-3 во корист на Балтимор, кој важи за еден од најслабите тимови во тековната сезона.
Првите поени, победничкиот состав ги доби во шестиот ининг, кога по ударот на Рајан Маунткесл, Педро Северино и Треј Мансини успеаја да стигнат до четвртата база.
Во осмиот период, Балтимор дојде до предност од 0-3, откако Седрик Малинс ги истрча базите по ударот на Ентони Сантандер.
Од играчите на Ориолс, исто така се истакна и фрлачот Џон Минс, кој во првите седум деветтини не допушти ниеден поен.
📸 Maddie Meyer/Getty Images