Овогодинешното 39. коло од англискиот Чемпионшип го затворија Хадерсфилд и Брентфорд со нивното реми од 1-1.
Имено, во првото полувреме Хадерсфилд поведе од првиот шут во рамките на голот, откако Луис О’Браен (7′) ја затресе мрежата на Давид Раја.
Во продолжение, Брентфорд ја започна својата доминација, но пауза замина со резултатски дефицит.
На стартот на вториот дел, Мадс Бех Соренсен (50′) успеа да го израмни резултатот, а воедно и да го постави конечниот резултат.
Само две минути подоцна, најдобриот стрелец во лигата, Ајван Тони, ќе направеше целосен пресврт со својот 29. овосезонски погодок, но неговиот шут заврши во стативата.
За Хадерсфилд, денешниот поен е со големо значење затоа што ги оддалечи ,,Териерите” на осум бодови од ,,црвената” зона, односно ги искачи на 18. место.
Од друга страна, фудбалерите на Брентфорд добија бод што ги однесе на третата позиција, но им ја одзеде битката за директна промоција.
📸 Alex Dodd – CameraSport via Getty Images