Чикаго Блекхокс синоќа ја прекинаа серијата од четири врзани порази со триумфот од 3-2 над Флорида Пантерс.
Иако имаа аутсајдерска улога, Блекхокс, во првите 25 минути игра, стекнаа капитална предност од 3-0.
Стрелци за клубот од Илиноис беа Доминик Кубалик, Пиус Сутер и Карл Содерберг.
До крајот на втората третина, Пантерс намалија на 3-1 преку Антон Стралман, а конечниот резултат го постави Александер Венберг на неполни пет минути до крајот.
Од редовите на домаќинот, освен голгетерите, заслужен за победата беше и голманот Кевин Ланкинен, кој имаше 33/35 одбранети удари (94,29%).
На табелата на Централната дивизија, Флорида остана на третото место, додека Чикаго е четврти со девет бодови заостаток во однос на денешниот ривал.
📸 Chase Agnello-Dean/NHLI via Getty Images