
Минатата сезона, Атланта Брејвс ја завршија својата авантура во полуфиналето, каде што загубија од ЛА Доџерс со вкупни 4-3.
Моментално, претставниците на Џорџија се само на еден чекор од повторување на овој успех, после синоќешната победа од 3-0 над Милвоки Бруерс.
Единствените поени на мечот беа постигнати во петтиот ининг, кога Џок Пидерсон забележа хоум-ран, додека на базите беа Тревис Д’Арно и Дансби Свансон.
Стартниот фрлач на Атланта, Иан Андерсон, одигра значајна улога во триумфот на својот тим со шест освоени страјк-аути.
Од неговите колеги на спротивната страна, главен трагичар беше Адријан Хаусер, кој фрлаше само во петтиот период, допуштајќи ги сите три противнички поени.
После три меѓусебни пресметки во плејофот, Атланѕа води со вкупни 2-1 во пресрет на четвртиот дуел, закажан за оваа вечер.