
Атланта Хокс изборија плејоф, откако во финалната фаза на плеј-ин турнирот ги совладаа Кливленд Кавалирс со 101-107.
Кливленд фуриозно го започна мечот, но веќе во финишот на третата четвртина, ,,Јастребите” почнаа да ја преземаат иницијативата во своја корист.
Претставниците на Џорџија дојдоа до конечен триумф на крилјата на двајца кошаркари – Тре Јанг (38 поени) и Богдан Богдановиќ (19 поени).
На спротивната страна, најефикасни беа Лаури Марканен и Дариус Гарленд со 26, односно со 21 кош.
Сезоната за Кливленд заврши заклучно со овој натпревар, додека Атланта ќе игра во конференциското четвртфинале.