
Во завршниот термин од петтото коло на италијанската Серија А, Аталанта славеше рутински над Монца со 0-2.
За претставниците на Бергамо, новите три поени значеа пласман на првото место на табелата, додека Монца остана на самото дно.
Клубот на Силвио Берлускони дебитира во италијанската елита на неславен начин, запишувајќи пет порази во првите пет рунди.
На мечот, домаќините пружија солидна игра, но сепак загубија поради недостатокот на реализација.
Првиот гол на стадионот ,,Бријантео”, а воедно и во дресот на Аталанта го постигна Расмус Хојлунд (57′), а осум минути подоцна, Марлон (65′) ја затресе сопствената мрежа.