
Веќе петта сезона во низа, екипата на Хјустон Астрос успеа да се пласира во полуфиналето на МЛБ.
Синоќа, момците од Тексас ги надиграа Чикаго Вајт Сокс со 1-10 и ја добија меѓусебната четврт-финална серија со 3-1.
На мечот, Вајт Сокс поведоа со 1-0 во вториот ининг преку првиот хоум-ран во плејофот на Гавин Шитс.
Во продолжение, гостите десет пати стигнаа до четвртата база, благодарение на трчањата на: Хозе Алтуве (3+1), Алекс Брегман, Кајл Такер (х2), Мартин Малдонадо и Чес МекКормик (х2).
Во полуфиналето, Астрос ќе ги одмерат силите со Бостон Ред Сокс, кои со 3-1 ги елиминираа вицешампионите од минатата сезона – Тампа Беј Рејс.



