
По трите меѓусебни порази во низа, Аризона Којотес, синоќа, триумфираа над ЛА Кингс со 2-1 после пенали.
Херој во пенал-серијата, кој ја прекина серијата од четири триумфи на Кингс беше единствениот стрелец – Ник Бјугштад.
Во регуларниот дел од мечот, Ник Шмалтц им донесе почетно водство на домаќините во првата третина, а во вториот дел израмни Алекс Ијафало.
На табелата на Западната конференција, Аризона го држи четиринаесеттото место, додека Кингс се наоѓаат на третата позиција.