На последниот натпревар за 2022 година екипата на Стружанка славеше со пресврт на гостувањето против Астибо во Штип со 26-28, иако во првото полувреме во еден период губеа дури и со осум гола разлика 13-5.
Најдобри стрелци беа Ивана Затуроска која даде 14 гола за Стружанка и Марија Анчева која даде 13 гола за Астибо. На голот на гостите блескаше Марина Митоска.