
После Пакистан, Англија е вториот финалист на Светското првенство во Т20 крикет, одржано во Австралија.
Во второто полуфинале, Англичаните ја совладаа Индија со 168/6 (20) – 170/0 (16).
За Индијците, од удирачите најефикасни беа Вират Коли со 50 и Хардик Пандја со 63 поени, додека од англиските фрлачи, три викети имаше Крис Џордан (3-43).
Во вториот ининг, удирачите на европската земја, Џос Батлер (80) и Алекс Хејлс (86*) имаа потполна доминација, играјќи од почеток до крај.