ПАОК во грчкиот шампионат одигра нерешено против силниот АЕК 24:24 најмногу благодарение на македонскиот голман Виктор Гигов. Силниот АЕК предводен од Стипе Мандалиниќ имаше многу проблеми да го совлада нашиот голман кој бранеше одлично во текот на целиот натпревар зицер, пенали, удари од 9 метри. Го одбрани и последниот напад при водство на АЕК 23:24 со кој му овозможи на неговиот тим да стигне до реми во наредниот напад. ПАОК останува на делба на првото место заедно со АЕК пред тимот на Олимпијакос.

Погледнете го шоуто на македонскиот голман на голот на ПАОК против АЕК.
