
Амур Хабаровск му ја загрози првата позиција во Источната конференција на Сибир Новосибирск, откако денес го порази со 3-0.
Со новите два поени, Амур остана во битката за плејофот, заземајќи го деветтото место, додека Сибир е сè уште прв, но со два натпревари повеќе од Автомобилист Екатеринбург.
На мечот, гостите упатија дваесет и седум шутеви, но сите од нив беа запрени од Јанис Калнинс, кој го запиша првиот шут-аут во дресот на ,,Тигрите”.
Од друга страна, двојно водство на победничкиот состав му донесоа Сергеј Дубакин и Јарослав Лихачјов во втората третина, а во третиот дел реализираше уште Јан Дрозг.
https://www.instagram.com/reel/CoHeGc8odYL/?igshid=YmMyMTA2M2Y=