среда, март 29, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Ракомет

Пролет ги продолжи договорите со кадетските репрезентативци

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
февруари 1, 2023
📁 Ракомет

РК Тинекс Пролет со задоволство објавува дека постигна договор за продолжување на соработката со тројцата најперспективни ракометари во нашиот клуб, кадетските и младински репрезентативци на Македонија, Томислав Димковски, Андреј Стојановски и Михаел Тотиќ. 

Станува збор за ракометари кои имаа значајна улога во триумфот на кадетската репрезентација на ЕХФ шампионатот во Рига, на кој Димковски беше избран и за МВП на првенството. Тие добиваа шанса во првиот тим на Тинекс Пролет во првиот дел од сезоната, а сигурно ќе имаат уште позначајна минутажа во плејофот, каде се дел од плановите на тренерот Лембанов.

Димковски и Стојановски настапуваат на бековската позиција, додека Тотиќ одлично се снаоѓа на позицијата лево крило.

„Тинекс Пролет останува максимално доследен на клупскиот концепт на кој инсистира со години наназад, најдобрите членови на младинската школа да добијат шанси за докажување и во првата екипа. Остануваме проект што ќе создава квалитетни домашни играчи, го потврдуваме тоа и со новите договори на Димковски, Тотиќ и на Стојановски, тројца извонредно перспективни ракометари со кои потпишавме долгогодишни договори и за кои не се сомневаме дека ќе донесат бројни победи на тимот во иднина“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Амур го загрози првото место во Источната конференција на Сибир

Следна вест

(ВИДЕО) Илвес лимитиран на нула од ТПС на домашен терен

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Струга стигна до победа во Куманово
Ракомет

Струга после изненадувањето во Неготино, го пречекува Радовиш (плеј-аут)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Мар/2023
Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)
Ракомет

Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
28/Мар/2023
Металург лесно во дербито со Ѓорче, Јовановска блескаше на голот на Куманово
Ракомет

Делиоска даде половина од головите за Стружанка во ремито со Пелистер

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Мар/2023
Одличниот Костески славеше втора победа против Кукуловски
Ракомет

Одличниот Костески славеше втора победа против Кукуловски

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Мар/2023
Следна вест
(ВИДЕО) Илвес лимитиран на нула од ТПС на домашен терен

(ВИДЕО) Илвес лимитиран на нула од ТПС на домашен терен

Последно

(ВИДЕО) Прва победа за Вимблдон после единаесет натпревари

(ВИДЕО) Сан Хозе ја искомплицира плејоф-ситуацијата на Винипег

(ВИДЕО) Пеликанс во полуфинале после единаесет години

Струга после изненадувањето во Неготино, го пречекува Радовиш (плеј-аут)

Вардар дома со Тиквеш, Охрид гостува во Битола (плеј-оф)

(ВИДЕО) Ајлендерс дојдоа до убедлив триумф над Девилс

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.