Амур ја прекина низата од четири порази со првата домашна победа после точно дваесет денови.
,,Тигрите”, среде Хабаровск, денес го надиграа составот на Динамо Минск со резултат од 3-0.
На мечот, домаќините постигнаа по еден гол во секоја третина, а стрелци беа Руслан Педан, Александер Шаров и Иван Николишин.
На голот на Амур стоеше Јевгени Аликин, кој ги одбрани сите 32 противнички шутеви за вториот овосезонски шут-аут.
Со двата последователни порази, Динамо Минск падна на четвртата позиција на Западот, додека Амур влезе во плејоф-зоната на осмото место во Источната конференција.