
Откако вчера стана рекордер на Мото 2 со седумнаесеттата освоена пол-позиција, Сем Лоус денес ја запиша и деветтата победа во истата категорија.
Британецот беше најбрз на трката за големата награда на Емилија Ромања, иако во неколку наврати магично успеваше да остане на својот мотоцикл.
Во последниот свијок, Аугусто Фернандез му го ,,украде” второто место на својот сонародник, Арон Канет, кој беше конкурентен дури и за победа на два круга пред крајот.
На одличното четврто место се пласираше Челестино Виети, после кој следуваа Хорхе Наваро, Стефано Манци и првопласираниот во генералниот поредок – Реми Гарднер.
Гарднер беше најголем среќник на денешната трка поради фактот дека го задржа, а воедно и го зголеми своето водство на две трки пред крајот.
Всушност, после денешната трка, Австралиецот имаше огромни шанси да падне на второто место, но неговиот најблизок конкурент, Раул Фернандез, излета од патеката во петнаесеттиот круг додека беше во убедливо водство.