Андријана Јаневска ја објави нејзината соработка со американскиот музички продуцент и ДЈ – Jawfre.
„На покана на американскиот EDM продуцент Jawfre, снимив летна песна со наслов “Take me” која може да се најде на сите светски музички платформи! Се надевам дека од утре ќе ја слушате и на македонските радио станици. Имајте убаво лето!“ – кусо напиша Андријана на својот Фејсбук профил.