Некогашниот репрезентативец и интернационалец Никола Стојчевски кој настапува на плејмејкерската позиција и се одликуваше со одлична техника, брзина и правовремена асистенција се пензионира на 33 години, за да на сега свои 35 години да се врати повторно на сцена.
Стојчевски се реактивира и потпиша договор со шведски Торсланда кој се натпреваруваат во втора шведска лига, а сезоната ја завршија во долниот дел на табелата. Клубот се наоѓа во област близу Гетеборг.
Стојчевски се испроба и како тренер во младински категории, а сега повторно своето знаење ќе го пренесува на помладите ракометари, а се чини дека може да има и тренерски ангажман бидејќи клубот се одликува со 800 регистрирани играчи и со нив работаат околу 150 професионалци меѓу кои што во блиска иднина може да биде во тој круг на луѓе и нашиот Стојчевски.