По репрезентативната пауза повторно на сцена се врати клупскиот фудбал. На стадионот ,,Еланд Роуд” се сретнаа Лидс Јунајтед и Арсенал. Натпреварот заврши реми без голови.
Во главна улога беше македонскиот репрезентативец, Езџјан Алиоски кога беше во дуел во 51 минута со французинот Пепе, а противничкиот играч го удри со глава при што судијата при гледање на ВАР го исклучи на Пепе, па од тој момент па до самиот крај Лидс напаѓаше кон голот на Арсенал но сепак резултатот остана ист.



