Во рамките на 11 коло од првата унгарска лига во дуелот помеѓу Мол Фехервар и ДВТК до триумф стигнаа домашните фудбалери со резултат од 3:0. Головите ги постигнаа Николич Зивзивадѕе и Петриак.
Ова беше македонско дерби, бидејќи во победничкиот табор цел натпревар одигра Висар Муслиу во одбраната, додека Бобан Николов поради повреда не беше дел од тимот.
На спротивната страна во нападот до 85 минута одигра Мирко Ивановски. Со новите три бода Мол сега е трет на табела со 19 бода, а тимот на ДВТК има 10 бода и се на деветто место.