Минесота Тимбервулвс дојдоа до третиот последователен триумф над Милвоки Бакс, откако синоќа славеа со 138-119.
Тимбервулвс имаа контрола на резултатот во текот на речиси цел натпревар, а најмногу се одделија во третата четвртина.
Од победничките редови, дабл-дабл направи Карл-Ентони Таунс (25 поени и 11 скокови), а ист поентерски учинок имаше и Ентони Едвардс.
Кај Бакс, во отсуство на Јанис Антетокумбо, по 15 поени уфрлија Крис Мидлтон, Брук Лопез и Пет Конахтон.
Во Источната конференција, Милвоки (44-27) се наоѓа на третото место, додека Минесота (42-30) е седми тим на Западот.