
После единаесет години и еден ден, конференциското финале на КХЛ се врати во ,,Г-Драјв Арена” во Омск.
Имено, во третиот меѓусебен полуфинален натпревар, АК Барс Казањ славеа со 2-3 после продолжение и поведоа со вкупни 2-1.
За домаќините, во листата на стрелците се запишаа Рид Бушер во втората и Владимир Ткачјов во третата третина.
На спротивната страна, во последните шест минути од регуларниот дел стрелаа Никита Јевсејев и Александер Радулов, а после тринаесет дополнителни минути, триумфот го донесе Вадим Шипачјов.